СРБИЈА ОД ПЕТОК ПОЧНУВА СО ПРОИЗВОДСТВО НА „СПУТНИК V” НА ИНСТИТУТОТ „ТОРЛАК”

0
55

На Институтот „Торлак“ во Белград од петок (4 јуни) ќе почне производство на руската вакцина против ковид-19 – „Спутник V“, најави српскиот министер без ресор, Ненад Поповиќ. Со тоа, Србија ќе биде првата земја во Европа во која ќе се произведува „Спутник V“.

Рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на руската вакцина произведена во „Торлак“ и го одобри производствениот процес во „Торлак“, пренесува РТС.