ВМРО ДПМНЕ и Левица со интерпелација за работата на Талат Џафери

0
22

Во неа ќе бидат наведени три главни причини а прва е тоа што Џафери во Европскиот Парламент се обрати на албански јазик. За опозициската партија собранискиот спикер освен што сторил кривично дело, како што велат, ги изложил на подбив македонскиот јазик и нација.

Друга важна причина која поднесувачите на интерпелацијата ја наведуваат е тоа што сите собраниски материјали а со нив и законите сите пратеници ги добиваат не само на македонски јазик, туку и на албански што тврдат е спротивно на Уставот и законите.

Третата причина што ја наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, е одлуката да се дозволи двајца пратеници од мнозинството да гласаат во скафандери, додека беа болни Ковид 19..

Засега нема одговор ниту пак реакција од кабинетот на Џафери.