За само една недела во тетовско се евидентираат над 50 позитивни случаи на КОВИД 19

0
18
За само една недела во тетовско се евидентираат над 50 позитивни случаи на КОВИД 19. Изворите на заразата се од двата кластара од семејна веселба и свадбена церемонија. За какви соеви на вируси станува збор се уште се прават анализи

 

Семејниот кластер досега заразил 8 лица, откако претходен еден член од семејството бил позитивен, а вирусот од кластерот од свадбата се шири од минатата недела.

Непочитувањето на мерките и протоколите е главната причина за брзата трансмисија на болеста, откако во тетовско подолг период имавме стабилна состојба. Свадбите и веселбите се одржуваат, но ретко кој почитува протоколи, изјави д-р  Сузана Субашиќ епидемиолог во Центар за јавно здравје.

А тетовци како да заборавија на вирусот, дистанцата ја нема, а во затворен простор ретко кој носи маска. Дел од граѓаните сметаат дека надлежните треба можеби да размислат за построги мерки.

Пандемијата не е завршена треба голема претпазловост и лична одговорност.

-Ширењето на заразата се уште е резултат и на криење на контактите,додаде д-р Сузана Субашиќ епидемиолог во Центар за јавно здравје Тетово

По стабилизација на состојбата, тетовскиот регион повторно е на врвот по бројот на позитивни од КОВИД 19. Од активни шеесетина случаи, над 50 се заразија за една недела.