Невакцинираните македонски граѓани можно е наесен да се соочат со рестриктивни мерки

0
19

Засега не планираме да воведеме никакви рестриктивни мерки, ниту на границите, ниту во рамките на организација на настани, масовно присуство и така натаму. Размислуваме дали е потребно нешто да се направи во есенските месеци почнувајќи од месец септември, средината на септември или почетокот на октомври, а размислувањата одат во правец на тоа дали треба да се прави некаква рестрикција во однос на граѓаните кои не се вакцинирани, истакна на денешната прес – конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој уште еднаш апелираше дека вакцинацијата е единствениот начин да се стави крај на пандемијата со коронавирусот, но во исто време истакна дека ќе се затвори пунктот за вакцинација во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје и вакцинацијата без закажан термин ќе продолжи само во здравствените домови и во спортските сали во Тетово и во Струмица.

– Чекавме да помине масовниот прилив за ревакцина, но понатаму имунизацијата ќе се одвива во здравствените домови без закажување. Спремни сме да интервенираме и да пружиме шанса пак за вакцинација преку систем во спортските сали, но засега здравствените домови се доволни, рече министерот.