НУРЕДИНИ: НЕМА ДА БИДЕ ЛЕГАЛИЗИРАНА НИТУ ЕДНА ДИВОГРАДБА НА ШАР ШЛАНИНА

0
18

Нема да биде легализирана ниту една дивоградба на Шар Шланина. Нови мини хидроцентрали нема да има и се преговара за некои од сопствениците на концесиите за да се откажат, најави денеска министерот за животна средина Насер Нуредини согласно Планот за управување.

Министерот додаде дека ренџерска служба ќе се грижи и ќе го чува националниот парк Шар Планина. Управувачката структура и начинот на функционирање ќе биде ист како и кај сите други национални паркови во државата уредени во Законот за заштита на природата.

Нуредини додаде дека планот за управување ќе се прави со стански експерти, ќе има јавни расправи и ќе биде транспарентен.

Според еколозите станува збор за историски чекор и успех на група луѓе кои биле вклучени во лобирање за Шар Планина да ја видат како заштитено подрачје. Од македонското еколошко друштво велат дека Националниот парк може да донесе само позитивни промени во регионот.

Според неа, Шар Планина како нов Национален парк ќе биде предизвик да се управува во поглед на заштита на природните ресурси, бидејќи таму има околу триесеттина села.

Вкупната површина која е ставена под заштита е 62.705 хектари, од кои 26,5 проценти се во зона на строга заштита, 49,06 проценти во зона на активно управување и 22,2 проценти одржливо користење.

24 вести