Хорор во БиХ: Син ја силувал 83-годишната мајка

0
47

Грозоморен случај ги потресе жителите на Илијаш, БиХ кога полицијата доби шокантна пријава дека 50-годишен маж од Сребреница ја силувал својата 83-годишна мајка, дознава порталот „Аваз“.

Полицијата веднаш реагирала и го привела осомничениот. По прегледот биле забележани повреди на телото на несреќната жена, а по што случајот бил доставен до државниот обвинител.

Старицата раскажала во полиција за немилиот настан кој се случил меѓу 3-4 април кога нејзиниот син влегол во нивната семејна куќа во Илијаш во која живееле заедно. Ја повикал во спалната соба за да разговараат за нешто.

По сослушувањето, му бил одреден притвор во траење од еден месец, кој во меѓувреме е продолжен.

Според неофицијални информации, тој наскоро треба да се изјасни за виновен пред судот.

Во меѓувреме, било побарано и психијатриско вештачење за лицето.