Пламените јазици пеплосаа 100 хектари земјоделска површтина за само една недела

0
20
Пожарите проголтаа голема земјоделска површина во тетовско претежно засадено со пченица. Гореа овоштарници, борова шума. Човечкиот фактор е главниот виновник посочуваат од тетовската противпожарна единица.

 

Пламените јазици пеплосаа 100 хектари земјоделска површтина за само една недела Наместо да ја ожнее комбајн, огнените стихии изминативе неколку дена ја проголтаа пченицата за десетина минути.

Пожари деновиве беснеат во Тетово и во сите рурални општини во регионот. За среќа нема повредени и зафатени објекти

Командирот на ТППЕ Тетово Ука Алити вели 

-Се палат диви депонии од каде што пламените јазици се шират и зафаќаат огромни површини. Потребна е поголема контрола на терен, особено во овој период на пожар, истакна Алити 

Немањето на соодветна опрема пред се теренски возила за интервенција, дополнително ја усложнува нашата работа при гасење на пожари во регион со голема површина и  општина каде целиот сообраќај е закочен по тесните улици, проблем за за кој вели Алити постојано говорат, но надлежните очигледно немаат слух.

МТВ