По една деценија ветување конечно започна да се работи на реконструкција на една од најоштетените улици во градот Гоце Делчев во Тетово

0
20

Конечно започна да се работи на реконструкција на една од најоштетените улици во градот Гоце Делчев во Тетово. Се работи за проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски и Светска Банка

Минатата недела започнаа подготвителните активности за реконструкција, а деновиве се работи на атмосверската канализација. Целата подземна инсталација ќе биде дел од реконструкцијата на оваа делница, која ги поврзува населбите од стариот дел на Тетово.

Инаку реконструкцијата според очекувањето на жителите од стариот дел на Тетово требаше да се реализира долж целата улица се до тетовската населба Колктук, но од Општина Тетово велат дека проектот бил така направен, без да образложат зошто во него не е ставена целата делница која е целосно руинирана.

Градските власти најавуваат дека се размислува преку сосема нов проект да се опфати реконструкцијата на останатиот дел од улицата Гоце Делчев