Потврдени 25 нови случаи на Делта сојот во Грција

0
21

На 54 се зголеми бројот на регистрирани случаи на Делта сојот во Грција, откако Националната организација за јавно здравје во денешниот, седмичен извештај за мутациите, соопшти дека се потврдени 25 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Од анализиран 1.201 позитивен случај во периодот од 31 март до 21 јуни 2021 година, 790 се од Алфа сојот, 25 се Делта и шест Бета, додека пак 340 се под мониторинг