Се поголем интерес за вакцинација во тетовско

0
18

Се поголем интерес за вакцинација во тетовско. Досега во регионалниот пункт во Тетово втората доза на вакцина ја примиле над 27 000 граѓани.

Интересот расте, граѓаните сакаат да се заштитат во пресрет на новиот бран кој сите го очекуваме наесен, велат од Здравствениот дом Тетово

-Поради престојниот најавен бран и во исто време брановите кои ги зафаќаат европските држави, се надевам дека и тие граѓани кои не се вакцинирани ќе се вакцинираат, се со цел да немаме полни болници наесен, рече Борислав Јоргаќиевски директор на Здравствен дом Тетово.

Вакцини има доволно, а и теренската имунизацијата се одвива со забрзано темпо

-Во исто време и процесот со тимовите за вакцинација оди без проблем, имаме неколку екипи и ги поминуваме сите села и таму има најголема заинтересираност во споредба со останатите региони во земјава, рече Борислав Јоргаќиевски директор на Здравствен дом Тетово.

Досега во регионалниот пунк во спортската сала на медицинското училиште во Тетово се ревакцинирале над 27 000 граѓани, а првата доза на дневна основа ја примааат до 800 пациенти.

mms