Со доаѓањето на печалбарите се зголеми бројот на заразени од КОВИД 19 во тетовско

0
18

Печалбарите сериозна закана за ширење на вирусот во Тетово кој е втор град по број на заразени. Бројките не се големи како пред неколку месеци, но сепак треба да се внимава, а најголема превентива е вакцината, велат здравствените работници

-Печалбарите се сугурно една од причините за ширење на вирусот во тетовско, но животот мора да тече понатака затоа имунизацијата е важна, вели доктор Светлана Трифуновска координатор на матичните лекари во Тетово. 

Тетово и денеска на врвот по број на заразени од КОВИД 19. Од 21 случај, 11 се од Тетово.

Гастарбајтерите пак кои се дојдени во својот роден крај велат дека внимаваат. Дел од нив од морални причини направиле ПСР тест, а некои сметаат дека државата не треба слободно да прима граѓани од странство без здравстен документ.

Инаку во тетовско има 65 активни случаи на КОВИД 19.

ММС