Во тетовскиот регион теренската вакцинација започна во неколку населени места од Општина Желино

0
17
Во тетовскиот регион теренската вакцинација започна во неколку населени места од Општина Желино. Вакцинација пак без закажан термин се одвива веќе втор ден во Здравствениот дом Тетово, каде се одвива процесот и за ревакцинација со Астра Зенека.

 

81 годишниот Љатиф Љатифи уште во утринските часови пристигна да ја прими првата доза вакцина во вакциналниот пункт во Желино.
-Теренската вакцинација е оптимално решение за повозрасните жители од руралните средини, вели Љатифи. 
 

Интересот за теренската имунизација имаше, но претежно од повозрасните жители.

-Вакцината практично ни дојде дома, велат жителите на Општината Желино кои денес се вакцинираа.

Пунктот беше отворен два часа во утринските часови.

Вакцинацијата се спроведува и во Здравствениот дом Тетово, каде се имунизираа жителите кои треба да ја примат втората доза од Астра Зенека, а за без термин се чекаше ред за Синовак.

-Термините треба да се почитуваат, ако сакаме да ги избегнеме гужвите, изјави  Борислав Јоргаќиевски директор на Здравствен дом Тетово.

Вакцини има доволно,а имунизацијата ќе продолжи во Здравствениот дом и во останатите рурални места од тетовско.

Моментално се одвива и ревакцинација во регионалниот пункт во спортската сала на медицинското училиште во Тетово. 

МТВ