Судење за случајот плацеви на Водно – Груевски е невработен и нема ништо на негово име

0
21

На почетокот на судењето за случајот „Плацеви на Водно“, при утврдувањето на идентитетот на обвинетите, беше прочитано дека поранешниот премиер Никола Груевски е безимотен и невработен, нема возило, има заштеда само од плата.

Во воведниот збор пак на обвинителката Лиле Стефанова за “Плацевите на Водно”, откри дека екс премиерот Никола Груевски на плацот на Водно сакал да гради куќа во барок.

-Овој предмет можеби никогаш да не беше отворен, доколку не беа “бомбите”, кои беа и јавно објавени. Груевски беше премиер повеќе од 10 години. Во целиот овој период негуваше имиџ на лице кое е безимотно, живее во станот на својата мајка, нема возило и има само заштеда од плата. Е содржините од овие разговори, како основи на сомнение, упатуваа на сосема на друга слика и фактичка состојба. Тој поседува имот кој за својот мандат го стекнувал, но го запишувал на други имиња. Ова ќе го докажам со сослушување на сведоци кои купувале имот на име на фирми, специјално за таа намена.