Ципрас со Заев на одмор на Халкидики

0
16

Поранешниот премиер Алексис Ципрас во денешното интервју за ТВ21 откри дека претседателот на македонската влада Зоран Заев ќе му биде гостин за време на летниот одмор што ќе го мине на Халкидики.

Лидерот на СИРИЗА рече дека двајцата протагонисти на Преспанскиот договор таму ќе ја имаат следната средба, на која ќе евоцираат спомени. Инаку Ципрас деновиве е учесник на Преспанскиот форум кој се одржува во Охрид и Отешево.

Инаку премиерот Заев веќе најави дека во текот на летото ќе го оствари правото на годишен одмор од барем десетина дена.