ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) АВГАНИСТАНЦИ ПАЃААТ ОД АВИОН ВО ЛЕТ: Се закачиле за леталото во обидот да избегаат од земјата!

0
58

Откако вчера Талибанците влегоа во Кабул и официјално ја презедоа власта во Авганистан, настана хаос на аеродромот во главниот град.

Додека беа организирани летови за дипломати што се евакуираат од Авганистан, сите комерцијални летови од Кабул беа откажани.

И покрај ова, илјадници цивили се обидуваа да најдат начин да избегаат од земјата.

Големината на хаосот ја покажува видеото што се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа како тројца Авганистанци се кријат покрај гума или под крилата на американски авион во обид да избегаат од земјата.

Тие откако авионот полетал паднале од леталото.