Се намалува интересот за вакцинација во тетовско

Се намалува интересот за вакцинација во тетовско, велат надлежните. Оттаму апелираат граѓаните масовно да се имунизираат во спортската сала на медицинското училиште во Тетово, каде се инјектираат вакцини со и без закажан термин.

Дека интересот за вакцинација е намален говори и бројот на заинтересирани на дневна основа. Ако пред еден месец имавме до 1000 луѓе кои се вакцинираа во спортската сала на медицинското училиште во Тетово, деновиве интересот е намален двојно.

Од Здравствениот дом Тетово најавуваат дека наскоро ќе започне вториот круг на теренската вакцинација по тетовските села, односно ревакцинирањето.

Инаку имунизацијата моментално се одвива со и без закажан термин во спортската сала на медицинското училиште во Тетово, објект кој е и регионален центар за имунизација.

Досега во вакционалниот пункт во Тетово околу 21 илјади луѓе примиле две дози вакцини, а една доза имаат добиено над 5000 граѓани.