Ахмети: Многу блиски ми починаа од ковид-19, апелирам на масовна вакцинација!

0
18

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку својот официјален Фејсбук-профил ги повика граѓаните масовно да се вакцинираат против ковид-19, посочувајќи дека тоа е единствениот начин за заштита од вирусот.

Ахмети изрази сочувство до семејствата на починатите од вирусот и порача дека тој со своето семејството уште во мај се вакцинирале против ковид-19.

„Секојдневно слушаме жални вести дека некој ја загубил битката со вирусот. Синоќа близок член на моето семејство почина од компликации на коронавирусот. Починаа и други мои блиски луѓе, меѓу кои и пријател и неговата 33-годишната ќерка. Изразувам најдлабоко сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој подмолен вирус и апелирам за масовна вакцинација и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена. Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!!“,

напиша Ахмети на Фејсбук.