ВИДЕО – 21 годишното момче немало коморбидитети, но бил резистентен на терапијата

0
19

21 годишно момче  од Тетово не ја издржа битката со вирусот. По десетдневна хоспитализација во Клиничката Болница Тетово ноќеска почина. Од Ковид 19 починаа уште 5 лица од Тетово.

 

Момчето било примено на 15 месецов со тешка клиничка слика. Состојбата уште повеќе му се влошила синоќа, со многу ниска сатурација, целосно зафатени бели дробови.

На помош дошла медицинска екипа од Скопје, но 21 годишникот не издржал, починал околу полноќ.

Д-р Гзим Нуредини, вели дека лицето немало коморбидитети, но според некои неофицијални кажувања на докторите кои го лечеле, станува збор за пациент со некаков синдром, затоа што постојано бил резистентен на терапијата.

-21 годишното момче и примено во лоша состојба во Ковид центарот. По консултации со инфективна клиника во Скопје тие ни даваа повеќе насоки. Ние сакавме во Скопје да го носиме, но родителите одбија, но во тетовската болница доктори од Скопје го посетуваа во неколку наврати.Тој беше со цела антивирална терпација со сите модерни протоколи, но за жал беше резистентен на терапијата. Тој немал коморбидитети, но претпоставки според некои неофицијални кажувања на докторите имал некој синдром затоа што бил како што реков резистентен на терапија.Во хоспиталниот офицојален дел нема некои инфорамации дали има некој синдром, но лицето официјално ќе повторам немало коморбидитети. Антивирална терпација е дадена и никако тој не рерагирал наместо подобра полоша била работата, рече д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово.

Тетовската болница и натаму се полни со КОВИД пациенти. Има нови 17 приеми за 24 часа и 188 амбулантски прегледи, што укажува дека состојбата нема за скоро  да се смири.Доктор Нуредини повторно го впери прстот кон младите, кои и натаму не почитуваа протоколи и мерки, иако новиот мутиран вирус веќе нишани кон нив.

Апелот за вакцинација и натаму останува, како единствениот спас од вирусот, кој ги напаѓа најчесто неимунизираните. Над 90 % од хоспитализираните во тетовската болница немаат примени ниту една доза вакцина.