ВМРО-ДПМНЕ ќе нема кандидат таму каде што Алијанса/Алтернатива ќе се натпреварува за градоначалник: Мицкоски за договорената соработка

0
23

Според опозицискиот лидер, соработката со Села и Гаши е историски чекор и за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, наспроти оценките на СДСМ дека тоа е „коалиција од немајкаде“

Направивме коалиција уште пред првиот круг на локалните избори во определени градови. Ќе се подржуваме во определени општини, на ниво на кандидати за градоначалници. Договорено е таму каде што коалицијата Алтернатива/Алијанса ќе има кандидат, ВМРО-ДПМНЕ да не кандидира и обратно. Се разбира, во тие општини каде таа соработка е договорена, изјави денеска во Берово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, зборувајќи за договорот за соработка со Зијадин Села и Африм Гаши на претстојните локални избори.

Според Мицкоски, соработката со Алијанса за Албанците и Алтернатива е историски чекор, како што вели, и за ВМРО-ДПМНЕ, но и за Македонија.

„Очекувам оваа коалиција да ги победи поделбите, безнадежноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, неспособноста, немањето визија и стратегија за развој на Македонија, историски момент за сите граѓани без разлика на етничката припадност, да покажеме дека навистина Македонија има можности и со други политичари кои се надвор од матрицата  на СДСМ и на ДУИ и дека може поинаку“,

рече Мицкоски.

ОД СДСМ, пак, денеска реагираа за коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса/Алтернатива за локалните избори, оценувајќи дека тоа е “од немајкаде коалиција, која е однапред осудена на пропаст и на пораз“’.

„Мицкоски е до толку уплашен што промовира коалиција со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои, според ВМРО-ДПМНЕ, не го признаваат македонскиот идентитет и со истиот Села, кого неговите од ВМРО-ДПМНЕ насилно го влечеа во Собранието и му нанесоа крвави животно загрозувачки повреди на 27 април. Им кажа ли Мицкоски на Села и Гаши дека сака поништување на Договорот од Преспа? Им соошти ли дека е против Законот за јазици?Им раскажа ли што бараше во Собранието на 27 април“,л

се навдедува во реакцијата на СДСМ.