Казни за 97 возачи на територија на Тетово

0
22

Полицијата казни за 97 возачи во денешната засилена акциска контрола спроведена од страна на полициски службеници од СВР Тетово за возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Од нив 67 биле казнети за брзо возење на територија на Тетово, а 30 на територија на Гостивар. 45 возачи возеле со над 50 километри на час над дозволеното, а 10 со дури 70 километри на час над дозволеното.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.