Камион прегази пешак кај Охридска плажа

0
23

Камион удрил во пешак, при што пешакот починал на лице место во сообраќајка која се случи синоќа околу 19 часот на стариот пат Охрид – Струга, објави порталот „Охрид1“.

– Околу 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека на стариот пат Охрид – Струга, кај Охридска плажа товарно возило удрило пешак, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид вршат екипи од СВР Охрид. Поради несреќата сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат“, велат од СВР Охрид и најавуваат повеќе информации во текот на утрешниот ден.