Независни кандидати како никогаш досега

0
20

Поднесени се 15 листи за независни кандидати за градоначалници, а во тек е собирање потписи за уште 18. Поднесени се 42 листи за членови на совети со собрани потписи, а во тек е собирање потписи за уште 24 советнички листи.

Ноќеска на полноќ истекува рокот за собирање потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи на локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври.

Во ДИК до вчера се поднесени 15 листи за независни кандидати за градоначалници, а во тек е собирањето потписи за уште 18 кандидати. Има и 42 листи за советници за кои веќе се собрани потписи, а во тек е собирање потписи за уште  24, информираше Александар Даштевски, претседател на ДИК.