Нема закон кој може да ве избрка од работа ако не сте вакцинирани, ССМ повикува на имунизација против ковид-19

0
22

Не постои законска или било каква друга можност заради одбивање на наредба од работодавач за некаква присилна вакцинација да се загуби работното место, посочуваат од Сојузот на синдикати на Македонија.

ССМ денес се состанува со сите гранкови синдикати а упатуваат апели и до вработените во приватни фирми да ги следат апелите на здравствените власти и да се пријават за вакцинација со цел поскоро земјава да излезе од здравствената криза.

Од ССМ посочуваат и на попречување од страна на работодавци кои не им дозволувале во тек на работно време на работниците да одат да се вакцинираат иако имале закажан термин