Нови 882 случаја на ковид-19, починаа 14 пациенти

0
18
epa08920772 A healthcare worker with vial of the Pfizer-BioNTech vaccine at the Villa Scassi Hospital in Genoa, Italy, 05 January 2021. A second batch of 470,000 doses of the Pfizer-BioNTech COVID-19 vaccine reportedly has arrived in Italy and more than 100,000 people have been vaccinated with it so far in Italy. EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Министерството за здравство (МЗ) информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа се направени 6.591 тестирањe, а регистрирани се 882 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 333, во Тетово – 109, во Струмица – 80, во Куманово – 59, во Гостивар – 46, во Кичево – 42, во Штип и Дебар – по 28, во Охрид – 20, во Велес – 18, во Прилеп – 17, во Струга – 14, во Кавадарци и во Кочани – по 12, во Битола и во Свети Николе – по 9, во Ресен – 8, во Богдани и во Кратово – по 6, во Неготино и во Радовиш – по 5, во Гевгелија, во Виница и во Македонски Брод – по 3, во Делчево и во Пробиштип – по 2, во Берово, во Крушево и во Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од Скопје – 53, од Гостивар – 48, од Кичево – 11, од Штип – 6, од Тетово и од Кочани – по 4, од Кавадарци и од Пехчево – по 3, од Битола и од Виница – по 2, од Охрид, од Ресен, од Делчево и од Берово – по 1.

Пријавени се 14 починати лица – по четири од Скопје (54 год., 68 год., 69 год. и 84 год.) и од Тетово (49 год., 67 год., 68 год. и 81 год.), три од Гостивар (49 год., 72 год. и 74 год.) и по едно од Куманово (72 год.), од Охрид (82 год.) и од Виница (77 год.).

Направени се 6.591 тест преку ИЈЗ – 226, преку ЦЈЗ Скопје – 52, преку ЦЈЗ Битола  – 86, преку ЦЈЗ Прилеп – 39, преку ЦЈЗ Тетово – 62, преку ЦЈЗ Куманово – 57, преку УК Пулмологија со алергологија – 4, преку Институт за микробиологија – 217, преку Клиника „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 142, преку „Авицена“ – 444, преку „Биотек“ – 407, преку „Систина“ – 133, преку лабораторија „Лаор“ – 600, преку „Синлаб“ – 5, преку „Ремедика“ – 8, преку „Плодност“ – 100, преку „Генеа“ – 15, преку „Никоб лаб“ – 711, преку ВФВ Медикал – 60, преку „Ели Медика“ – 89, преку „Ројал Медика“ – 43 и преку ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.091.

Досега во земјата се направени вкупно 1.108.429 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.

Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 73.019, активни – 3.693

Куманово – 9.742, активни – 715

Прилеп – 8.505, активни – 158

Тетово – 9.489, активни – 1.855

Битола – 6.549, активни – 194

Велес – 5.617, активни – 125

Гостивар – 7.045, активни – 1.513

Кавадарци – 5.299, активни – 111

Охрид – 5.330, активни – 303

Штип – 5.111, активни – 131

Струмица – 4.750, активни – 561

Струга – 3.311, активни – 322

Кочани – 2.908, активни – 96

Кичево – 3.274, активни – 555

Гевгелија – 2.240, активни – 43

Неготино – 2.199, активни – 14

Свети Николе – 1.593, активни – 61

Ресен – 1.327, активни – 90

Крива Паланка – 1.240, активни – 10

Радовиш – 1.246, активни – 66

Берово – 1.105, активни – 52

Делчево – 1.001, активни – 23

Дебар – 1.210, активни – 201

Виница – 926, активни – 33

Пробиштип – 804, активни – 15

Валандово – 716, активни – 35

Богданци – 512, активни – 18

Крушево – 497, активни – 7

Демир Хисар – 409, активни – 9

Демир Капија – 400, активни – 3

Кратово – 417, активни – 40

Македонски Брод – 406, активни – 40

Пехчево – 287, активни – 7

Македонска Каменица – 254, активни – 5

Дојран – 134, активни – 2