ВИДЕО – Оштетување на довод на кислород во време на КОВИД 19 е иста како во тетовската болница да паднала граната

0
23
Утринава избегната голема трагедија во Клиничката болница Тетово. Непознат сторител ги оштетил споредните цевки преку кои со кислород се снабдува Ургентниот центар. За среќа во моментот немало пациенти на кислородна подршка во оваа одделение.

 

Работници работеа на санирање и замена на нови цевки.  Паралелно до нив се наоѓа главниот довод на кислород, преку кој се снабдуваат сите 120 ковид пациенти кои се хоспитализирани во четирите одделенија, при Клиничката болница Тетово. Трагедијата ќе беше голема, ако настанаше и тука некое оштетување.

Од полицијата велат дека биле оштетени две бакарни цевки со различна големина.Едната за компримиран воздух , а другата за азотен оксидол.

Од болницата најавуваат поголема заштита и безбедносни мерки, после овој инцидент.

Оштетувањето на цевките со кислород кои даваат живот на ковид болните, се случува кога во тетовско е забележан најголем наплив на пациенити од почетокот на пандемијата. Амбулантските прегледи растат, примени се нови 14 пациенти, а еден е починат. Сериозна е состојбата и во гостиварско

Полошко последниве неколку недели урива рекорди со најголем број хоспитализирани и починати. Бројките се зголемија по свадбените и семејните прослави, кои придонесоа за брза трансмисија на болеста.