Премиерот Зоран Заев уште еднаш ја обвини  Левица за кочење на законот за лични карти

0
20
Премиерот уште еднаш ја обвини  Левица за кочење на донесување на законот за лични карти кој според него освен што ќе пречи на изборниот процес негативно ќе влијае и на обичниот граѓанин.

 

Партијата Беса го одложува нивното барање за стоење на националната припадност во личните карти, а Левица се уште го кочи овој закон, рече премиерот Заев на новинарско прашање околу застојот на вадење на нови лични карти.

Опции според него  има и се надева дека пред избори ќе се најде соодветно решение.

Левица како што посочи Заев работи против својот народ со непоправливи штети.