Заев од Тетово – Тој што се обраќа кон една етничка заедница не може да очекува подршка на избори од останатите етникуми во мултиетничка Македонија

0
22
Тој што се обраќа кон една етничка заедница не може да очекува подршка на избори од останатите етникуми во мултиетничка Македонија, прокоментира премиерот Заев по најавата на Мицковски за коалиција со опозиционите партии на Албанците.

 

-Треба да се обраќаме еднакво кон сите, кога Мицковски ќе се обраќа така тогаш може да очекува подршка од сите. Ние ќе победуваме и понатаму, а тие ќе губат токму поради националистичкиот настап кои го имаат, рече премиерот Зоран Заев.

Тој се надева дека Мицковски и неговата партија ќе го променат нивниот настап.

Премиерот Заев ја даде изјавата по пуштањето во употреба на спортска сала во Општина Јегуновце