Тетовските основни училишта се подготвуваат за предизвикот, настава со физичко присуство во време на пандемија

0
17

Тетовските основни училишта се подготвуваат за настава со физичко присуство во време на пандемија. Се работи за исполнување на 38 точки од протоколите за одвивање на наставата со физичко присуство.

Основното училиште Братство Миѓени објект спортски центар е едно од училиштата во тетовско со поголем број ученици. Од раководството, велат дека ќе им биде предизвик да ги спроведат протоколите, но поучени од претходното искуство за одржување на настава со физичко присуство во време на пандемија, голем дел од точките, велат дека ќе ги спроведат без проблеми.

Единствено точката учениците од една паралелка да престојуваат во една просторија, без можност за мешање на учениците од различни паралелки во иста училница, за ова основно училиште ќе биде предизвик да ја спроведе.

Од Општина Тетово, велат дека има капацитет да се спроведе протоколот во училиштата каде ќе има и строги контроли, дали истите се почитуваат. По две недели ќе се направи анализа и според состојбата со пандемијата, ќе се одлучи дали ќе продолжи наставата со физичко присуство или онлајн.