ВИДЕО – Гужвите пред регионалниот пункт во Тетово и чекањето со часови за да се инјектира вакцина е вообичаена слика. Граѓаните револтирани, здравствените работници бараат трпение

0
20

Интересот за вакцинација во тетовско од ден на ден се зголемува по растот на бројот на позитивни случаи и хоспитализирани пациенти. Но, гужвите пред регионалниот пункт и чекањето со часови за да се инјектира вакцина е вообичаена слика. Граѓаните револтирани, здравствените работници бараат трпение.

Мирјана Стаматоска е една од стотината граѓани кои над 40 степени чекаа ред за имунизација пред регионалниот пункт во Тетово. Нервозна како и останатите, смета дека процесот оди бавно, а за таквите како неа со нарушено здравје процедурата за имунизација треба да биде побрза.
Изјава Мирјана Стаматоска

Откако даде изјава и се пожали пред камерата на МТВ, редарите го викнаа медицинскиот персонал, а Стаматоска за кратко надвор ја прими втората доза.

Револтот е голем и кај останатите. Велат не е се до организацијата,туку и до народот кој не почитува ниту се придржува на тоа што ќе му се каже. Така се создаваат гужви, турканици, а дистанцата во време кога расте бројот на позитивни случаи речиси и ја нема,

Во регионалниот пункт во Тетово се прима прва без закажан и втора со закажан термин.

Од пунктот велат дека и со толку голем одзив може да се одговори без да се создаваат гружви, но со поголема дисциплина на пациентите, како и со повеќе медицински персонал кој недостасува.

-Народот нема култура на едно место влегуваат и тие што треба да примат прва и тие што треба да примат втора доза вакцина иако има е кажано тоа да не го прават, се расправаат дури и со полицијата и кон нив упатуваат закани, изјава д-р Ацо Костевски од Здравствениот дом Тетово.

Имунизацијата е моментално најважен процес, со или без гужви таа мора да опфати што поголем дел од населението, ако сакаме здрава нација и попразни болници,велат здравствените работници.

Тетовско е на врвот по бројот на позитивни случаи и хоспитализирани пациенти, но се уште со најмал интерес за имунизација.Над 20 % од населенито е вакцинирано.Но, според сликата на терен се очекува процентот месецов значително да се зголеми.

МТВ