Состојбата со вирусот во тетовско се стабилизира. Се намалува бројот на хоспитализирани и амбулантски прегледи, но бројот на починати се уште голем
За четвртина е намален бројот на хоспитализирани, но сите се со тешка клиничка слика. Следува период на стабилизирање, но сепак претпазливоста треба да биде голема, a vакцинацијата е најважен процес, рече д-р Миранда Пајазити од Ковид центарот при Клиничката болница Тетово
Сепак бројот на смртни случаи никако да се намали. Изминативе 24 часа од КОВИД 19 во тетовско починаа 6 пациенти