ВИДЕО – Kандидатот за градоначачник на Чаир, Беким Сали: Борбата против корупцијата е она што нè зближи со ВМРО-ДПМНЕ

0
32

Жителите на Чаир навикнаа да слушаат големи зборови и ветувања пред избори но слабо имаше реализација.Изминативе 16 години многу се ветуваше пред избори а во текот на мандатот не се реализираше скоро ништо.

Ова го вели Беким Сали, кандидат за градоначалник на Чаир од Алијанса и Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во интервјуто за „Република“ вели дека жали што се уништија и сите вредности што ги имаше Чаир.

Животот во Чаир е отежнат.Од Чаир гледаме и слушаме само жални вести а соживотот е донесен до нетрпение-признава Сали.

Сали нема дилеми со што прво ќе се зафати кога ќе дојде на чело на општината а тоа е средување на урбанистичкиот хаос кој владее.

Се планира нов урбанистички план. Ќе имаме меѓународен повик за ангажирање на архитектонски компании кои се занимаваат со решенија на населени места.Треба да направиме нов урбанистички план-планира кандидатот за градоначалник.

Оценувајќи ја работата на досегашниот градоначалник Ганиу, Сали проценува дека тој нема реализирано ни два проценти од тоа што го ветуваше.

Граѓаните се чуствуваат изманипулирани, деградирани.Тоа пред се се однесува на сообраќајот.Имаше ветено катни гаражи но тие не се ни предвдени според ДУП. Се ветуваа и градинки и училишта, детска клиника, но не е мрднато ни со прст – набројува Сали.

Како најголемо ветување на досегашната власт во општината го набројува запирањето на сите дивоградби.

Но, денеска сме сведоци дека урбаната мафија во Чаир цути-вели Сали.

Тој како особено значајна ја означува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за овие избори.

За сите избори но особено за локалните секоја поддршка е значајна.Добредојдена е секоја поддршка затоа што локалните избори е можност да се направи нешто за местото каде што живееме а не за големи политички проекти.Една од точките ќе биде да заживее уште едаш соживотот кој го имало во Чаир. Горд сум што живеам во Чаир, имаме една мултиетничка заедница и ова единствената општина каде живеат сите етнички групи.

Тој има само пофални зборови и за кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска која ќе биде поддржана од нивната коалција.

Имав можнст да ја запознаам, и таа е одлична по карактер, го сака Скопје, многу е искрена и професионална.Мислам дека ќе бидеме одлична екипа да направиме и нов Чаир и ново Скопје-се надева Сали.

Тој нема дилеми дека она што ги зближило со ВМРО-ДПМНЕ е борбата против корупцијата.

Чаир е една од општините каде корупцијата цвета-убеден е Сали.

https://youtu.be/wKnKTYmVr_0?t=104