Се што е потребно да знаете за Еразмус+ програмата и да станете дел од неа

0
72

Еразмус+ е програма која вклучува едуцирање, размена и соработка меѓу млади лица. Оваа програма е под покровителство на Европската Комисија и истата се обновува на секои 7 години. Годинава се отвараат големи шанси и слободни места за учествување во различни проекти кои се дел од оваа програма.

ГЛАС.МК направи интервју со Теодора Петровска и Филип Степановски од Тетово кои неодамна беа дел од проект на Еразмус + прогрмата

1 Како дознавте за проектите на кои досега сте биле и преку што се аплициравте за истите?

Теодора: За да бидеш во тек со Еразмус+ програмата потребно е да се следат невладините организации и она што тие го постираат на нивните социјални медиуми, затоа што Еразмус соработува со нив. Во врска со аплицирањето, може да се аплицира самостојно и независно, но за овие проекти потребно е да се аплицира преку невладина организација. Како невладини организации преку кои јас имам поднесено апликација можам да ги набројам; „ ЛОЈА“, тука во Тетово и „Sfera International“ од Битола.

  1. Како оди процесот на аплицирање и дали е потребно да си член на една невладина организација?

Теодора: Членството не е задолжително, потребно е само активно следење на нивните содржини постирани на социјалните мрежи. Вообичаено се објауваат известувања со нагласување на условите и апликациите потребни за учевство во проект. Аплицирањето е различно, понекогаш има подготвена апликација која треба да се пополни, понекогаш свое резиме или пак мотивационо писмо. Но сето тоа е формалност, најважно е да ја изразиш својата мотивација зошто сакаш да одиш на дадениот проект и зошто би било добро да те изберат тебе како апликант.

  1. Кои се вашите први проекти и каде?

Теодора: Мојот прв проект беше во Струга, тоа беше првото убаво искуство што ме натера да продолжам. Продолжив со Романија и потоа Словенија. Понатаму бев два пати во Франција, повторно Романија и сега последно бев во Полска.

Филип: Мојата неодманешна посета на Романија беше поето прво искуство и пресрет со оваа програма. За истово дознав преку Теодора, но веќе беше многу доцна да се аплицира. Теодора ми кажа дека некој апликант откажал па се ослободило место што на мое големо радување го пополнив јас. Сепак беше потребно да пополнам апликација и да напишам мотивационо писмо. Важно е да ги убедиш оние кои го читаат дека ти си вистинскиот човек кој треба да е дел од овој проект. Исто така убаво е што и доколку откаже некој сеуште се отвараат шанси и места за они кои не дознале навреме за да аплицираат.

4.Какви теми најчесто опфаќаат овие проекти и дали тие се разликуваат?

Теодора: Темата на проектите не е иста, но целта на проектите може да се нарече иста. Нивната цел е едуцирање на што е можно поголем број на луѓе со воедно проширување на интеграција помеѓу различните одлики на припадници на различни народи.

Филип: Во главно целта на ваквите проекти е да се помогне на младите полесно да се вклопат во социјланото опкружување што директно придонесува во нивниот понатамошен развој во една социјална личност.

5.Дали постои таргет група на млади лица или може да се пријавуваат луѓе од најразлична возраст?

Филип: Постојат три гранки преку кои се разграничуваат проектите. Последниот проект во Романија беше во каегоријата на Youth Exchanges (Младински размени) каде се пријавуваат млади од 13 до 30 години. Проектот на кој беше Теодора во Полска е Training Course (Тренинг Курс) на кој што аплицираат луѓе над 18 години со фокус на младински работници и третата најнова гранка е Youth Participation Activities каде што целта е едуцирање преку учество во различни активности како дел од проектот.

6.Опишете ја накратко агендата и начинот на кој се одвиваше проектот во Романија на кој бевте и двајцата?

Филип: Овој проект се викаше „Dear future self“. Фокусот и припадна на нашата понатамошна кариера и начини кои би ни помогнале да се вработиме во иднината. Имаше луѓе од 10 различни држави. Првиот ден се запознававме меѓусебно преку друштвени игри и разговарање. Следниот ден веќе започнавме со  агендата која почнуваше со појадок секој ден во исто време и продолжуваше со сесии на активности преку кои се обработува темата на проектот. После првата сесија имавме пауза и потоа повторно сесија. Остатокот беше слободно време кој секој може да го користи како што сака. Хотелот ни беше на плажа што беше полн погодок. Убаво е што луѓето вообичаено се друштвени за време на слободното време и сите се активно заинтересирани за соработка за време на активностите.

 

7.Што би им препорачале на следните апликанти?

Теодора: Секој проект е со различна тема која ја знаете однапред, но не треба да одите таму со некое посебно знаење за истата. Поентата е да се здобиеш со знаење преку ветувачка дружба и забава.

Филип: Сето ова е неформална едукација без тестови и оцени на крај туку секој си добива знаење онолку колку што сака да добие. Се зборува на англиски јазик, но важно е да не се оптеретувате со тоа. Доколку некој не разбира или не зборува добро англиски постојат начини на кои може да се вклопи во комуникација. Никој не се чувствува отфрлено.

8.Какви сертификати се добиваат кога се завршува учеството на еден проект и за што може да се искористат понатаму?

Теодора: Сертификатот кој се добива на крај е наречен Youth Pass и е составен од 8 компетенции кои се добиваат на еден Еразмус+ проект и објаснуваат со што можеш да се стекнеш на еден ваков проект. Самиот си го пополнуваш и опишуваш она што си го научил. Потоа истото се проверува дали е вистинско и откако ќе добиеш потврда и печат истиот можеш да си го користиш во сопствено резиме понатаму. Навистина е добро што сертификатите на Еразмус+ се признаени ширум светот.

9.Колкава безбедност има на проектите и дали моменталната ситуација со Коронавирусот ги промени работите?

Филип: Безбедноста е на вистина големо ниво. Никој не те чува под стража, но и никој не би направил нешто намерно со кое би си ја загрозил својата или безбедноста на другите. Важно е што менторите се пријателски настроени па за што и да ти треба можеш да им се обратиш. Во врска со ситуацијата со вирусот, потребно е да имаш негативен тест, носење маски и постојано дезинфицирање се разбира, но тоа не е нешто ново со оглед на тоа што го правиме сите секојдневно така да не менува нешто многу.

 

Еразмус+ постои во Македонија повеќе од 15 години. Обезбедува можности за себе напредување и проширување на познаства со луѓе ширум Европа. Финансискиот дел за патни и трошоци за сместување е покриен за секој учесник посебно од страна на самата програма.  Дел од програмата можат да бидат и студенти кои се запишани на факултети што ја содржат истата. Програмата овозможува студентска мобилност на подрачјето на Европа и студените имаат можности да учат цели семстри низ европските земји.

Биди и ти следниот кој ќе пополни апликација за посета на некое ново место и ќе стане дел од Еразмус+ програмта

Ангела Бошкоска