Бизнисменот Беџет Пацоли ќе инвестира 50 милиони евра за катни и подземни гаражи во Чаир

0
18

Познатиот косовски бизнисмен Беџет Пацоли ќе инвестира над 50 милиони евра за изградба на катни и подземни гаражи во Општина Чаир.

„Една од тие локации е и Плоштадот „Скендербег“, изјави градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Стратешки партнер во изградба на овие катни гаражи ќе биде компанијата „Мабетекс“, на познатиот бизнисмен Беџет Пацоли, кој е и поранешен косовски министер за надворешни работи, a кусо време беше и претседател.

„Новите гаражи ќе обезбедат над 3000 илјади нови места за паркирање“, изјави Ганиу.

Тој рече дека оваа инвестиција ќе се реализира без оглед кој ќе биде следен градоначалник на Чаир.

Бизнисменот Пацоли, при потпишување на Меморандум со Општина Чаир и Град Скопје, рече дека е задоволен што ова инвестиција ќе се реализира во Скопје и дека само преку проекти и работа може да се смени животниот стандард.

Инаку, прашањето за изградба на катни гаражи во Општина Чаир беше еден од главните ветување на Висар Ганиу, кој со одлука на ДУИ е повторно кандидат за нов мандат во Чаир на локалните избори кои треба да се одржат наредниот месец.