Талибанците убиле бремена полицајка пред сопругот и децата

0
22

Талибански војници убиле бремена полицајка во Авганистан пред очите на нејзиниот сопруг и децата, пренесува Би -Би -Си.

Сопругата на Бану Негар била убиена во семејниот дом во Фирожкох, главен град на провинцијата Гор. Талибанците велат дека не се виновни за убиството.

“Свесни сме за инцидентот и потврдувам дека Талибанците не ја убиле таа жена. Нашата истрага е во тек”, изјавил портпаролот на Талибанците, Забиула Муџахид.

Нема многу детали за убиството, но три извори велат дека Талибанците ја претепале и ја убиле жената во саботата. Сведок изјавил дека зборувале арапски. Негар, која работела во локален затвор, била бремена во осмиот месец.

Многу жени во Авганистан се заплашени, а некои се скриени на тајни локации.

Талибанците тврдат дека жените ќе ги имаат своите права, но во рамките на шеријатскиот закон. Многумина ова го поврзуваат со враќање на старото, што тешко ќе им падне на жените во Авганистан откако дваесет години живеја под полиберален режим.

Талибанците веќе објавија дека очекуваат студентките да се облекуваат во согласност со законот и дека се принудени да носат абаја и никаб. На универзитетите ќе треба професорки да им предаваат на студентките или ќе им биде дозволено да ангажираат постари професори мажи чии морални принципи се тестирани, се вели во декретот на Талибанците.