Веќе трет ден тетовци се попишуваат во општинската сала на Советот на Општина Тетово

0
17
 
Веќе трет ден тетовци се попишуваат во општинската сала на Советот на Општина Тетово. Од пописната комисија велат дека интерес има и за овој начин на статистичката операција. Но никој нема да остане непопишан, попишувачите ќе го посетат секој дом во останатите четири дена од пописот.

 

На дневна основа се попишуваат стотина граѓани во општинската сала на Советот на Општина Тетово. Се работи за семејства кои попишувачите од повеќе причини не можеле да ги најдат дома, рече Назми Даути од пописната комисија од Тетово и Боговиње.

Овогодинешниот попис заклучно денеска има повеќе попишано граѓани во споредба со последниот попис одржан во 2002 година.

Од Пописната комисија, велат дека до четврток кога и завршува пописот, бројот ќе се зголеми.