Георгиевски: Пред бугарската фашистичка окупација, 23 години бевме под српска и во занданата Југославија

0
26

Додека јавноста ја брануваат реакции кои следуваа по потврдата на премиерот Зоран Заев дека зборот бугарски ќе биде отстранет од учебници и споменици каде се споменува бугарскиот фашистички окупатор, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски денеска се јави со сопствен став. Споменува српска окупација.

„А еден да напишеше дека пред бугарската фашистичка окупација имаше 23 години српска окупација во Југославија занданата на народите. Во која ние бевме Вардарска бановина а ние јужно србијанци, вели Георгиевски

Премиерот Зоран Заев, вчера рече дека бришењето е еден од чекорите напред во приближувањето кон решение за спорот со соседна Бугарија, поради што Софија го блокираше почетокот на преговорите меѓу Македонија и Европската унија (ЕУ).

„Никаде во светот фашистичкиот окупатор нема етничка боја. Целта е да се избрише зборот Бугарин, но тој ќе остане фашистички окупатор. Или, ако има одредени провокации кон таа нација, а не кон фашизмот, не можете да кажете дека градите добрососедство“, рече Заев.

Вчера на ова реагираше поранешниот дипломат Ѓорги Спасов.

 

„Имало ли бугарски фашисти во Македонија во време на Втората светска војна како што имало и италијански фашисти и германски нацисти и фашисти. Имало. И тоа е историски факт запишан во сите светски енциклопедии и историски учебници.

Ако на некој споменик во Македонија пишува дека тој и тој народен херој е убиен од бугарските фашисти во време на Втората светска војна тоа не треба да ги навредува Бугарите освен ако сметаат дека за време на Втората светска војна не постоеле бугарски фашисти и окупатори на туѓи територии туку само ‚ослободители и администратори’, напиша меѓу другото Спасов кој беше член на СДСМ.

Професорката Ана Павловска Данева на Фејсбук напиша:

 

„Следно што е? Дека партизаните не окупирале, а Бугарите не ослободиле?“, пишува Павловска Данева.

Дел од бугарските медиуми ова го оценија како нивна победа. Заев вели дека не смееме цели нации да обвиниме за фашизам.