Изложба на историјат на железницата на Железничката станица во Тетово, објект покрај кој не поминуваат возови

0
35

Во рамки на Европските денови на културно наследство беше организирана изложба на фотографии на самиот објект на железничката станица во Тетово, каде беше прикажана изградбата на железничката пруга во западна Македонија

Изложбата ја организираше Музејот на тетовскиот крај, каде беа присутни деца од основните училишта од Тетово, на кои им беше одржан и историски час

И децата, но и пристутните можеа да се запознаат колку и пред повеќе од половина век се вложувало во железничката инфраструктура, за разлика од последнава деценија кога ретко на пругите во западна Македонија поминуваат возови, а повеќе од еден месец по железничката линија Скопје – Тетово – Гостивар – Кичево не поминува ниту еден воз.

Од Железничка станица Тетово, ни одговорија дека возовите тука не се обраќаат затоа што се во дефект, се работи на нивна поправка. Се надеваат дека низ пругите наскоро ќе поминува барем по еден воз