Го земал пиштолот на татко му, па сам се повредил 28 годишен крушевчанец – ова се деталите

0
21

На 17.09.2021 во 21.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во Општата болница Прилеп бил донесен Е.И.(28) од с.Алдинци, крушевско, со повреда од огнено оружје.

По преземени мерки било утврдено дека тој сам се повредил, од невнимателно ракување со оружјето, кое го поседувал неговиот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.