Една година помала затворска казна за Владимир Панчевски

0
20

Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, за злоупотреби на АКМИС-системот наместо три години и шест месеци затвор ќе лежи една година помалку, поточно две години и шест месеци.

Според соопштението на Основен суд Велес, Апелациониот суд Скопје по повод жалбите на обвинетиот Владимир Панчевски од Скопје, изјавена лично и преку бранител Петро Јанура адвокат од Скопје, со Пресуда КЖ-746/20 од 14 јули.2021 година, пресудата на Основниот суд Велес К.бр.242/19 од 04 август 2020 година ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот Владимир Панчевски од Скопје, кој со првостепена пресуда е огласен за виновен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.2, в.в со ст.1 и чл.45 од Кривичниот законик, согласно наведената одредба, како и одредбите од чл. 4, 32, 33, 35 и 39 од Кривичниот законик, се осудува на казна затвор во траење од 2 (две) години и 6 (шест) месеци, во која казна согласно чл.47 од Кривичниот законик му се засметува и времето поминато во притвор, сметано од 15 јули 2020 година до 04 август 2020 година.