Македонскиот мед со квалитет и кванитет, но никако да излезе од границите на земјава

0
19

Медарите од тетовско задоволно од сезонава како што го нарекоја плодно – медоносна. Велат дека добрите климатски прилики придонеле да има квалитет и квантитет.

Годинава за разлика од лани двојно, па и тројно е зголемен приносот од мед.

Македонскиот мед или како што многу го нарекуваат македонското злато е еден од најквалитетните во регионот, но сето тоа слабо се користи. Нема промоција, па поради тоа и извозот на домашниот мед е сведен на минимум, Вината е и кај медарите, но и кај институциите.

Во светски рамки медот е трет најфалсификуван производ. И во нашата земја тоа е голема проблематика. Во поголемите продажни места може да се најде фалсификуван мед, но тоа не е ниту мед, тука чиста индустрија, гликоза која на граѓаните им се продава како мед