Млади земојоделци во тетовско да ги изброиш на прсти

0
22

Борче и Перица Илиевски од тетовското село Фалише се единствените млади земјоделци во ова населено место кои се занимаваат со оваа дејност. И двајцата велат за толку работа не се исплаќа да обработуваат земја, но како да ја остават, кога од неа леб ваделе многу генерации од нивното семејство.

Борче и Перица обработуваат околу 90 декари плодна површина, но таа е засадена со се и сешто. Ниту една земјоделска гранка не е стабилна и сигурна, па затоа сме растргнати на сите страни.

И покрај лошата состојба во земјоделието, тие велат дека нема да се откажам од земјата на нивните претци.

Се надеваат на подобри времиња во земјоделието, а дотогаш ги повикуваат младите да не ја оставаат плодната земја, од која со векови генерации на овие простори егзистирале генерации