Недела неработен ден треба да стане на 1 октомври, Владата апелира пратениците да гласаат за

0
20

Предлогот на закон за измени на Законот за работни односи со кој се предвидува недела да биде ден за неделен одмор уште не е ставен на дневен ред во собраниската Комисија за труд и социјална политика, но Владата очекува и апелира ова законско решение да ги помине процедурите и да се најде пред пратениците на пленарна седница, зашто е предвидено да почне да се применува од 1 октомври.

Владиниот портпарол Муахед Хоџа во име на Владата упати апел до сите пратеници, и од власта, и од опозицијата, да го поддржат ова законско решение кое е во интерес на работниците.