Обвинителство: Семејно насилство – причина за убиството на велешкиот полицаец

0
44

30 дена притвор е одредена за 23-годишната велешанка, која вчера беше приведена за убиство на партнерот со кого живеела во вонбрачна заедница.

Од велешкото обвинителство информираат дека во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство лишила од живот 40–годишен маж, кој ја фатил за врат со намера да ја дави, па таа со нож го прободела во левата страна на градниот кош и тој починал.

Имајќи ги предвид видот, тежината на кривичното дело и запретената казна, наоѓајќи дека осомничената може да се даде во бегство или да ги уништи и сокрие трагите од предметното кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор за обезбедување на нејзиното присуство во текот на постапката. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена“, велат од Обвинителството.
Соседите сведочат дека убиениот бил полицаец, ја малтретирал девојката со која живееле заедно 4-5 години.