ФОТО: ДПИ го затвори Интермецо. Имало забава со Роџер Санчез, не се почитувале мерките

0
23

Државниот пазарен инспекторат синоќа го затвори кафулето „Интермецо“ во скопската населба Капиштец, поради непочитување на протоколите на Владата за заштита од ковид-19.

Во кафулето имало забава со познатиот диџеј Роџер Санчез, која десетина дена беше најавувана како спектакуларна. Во координираната акција на Општина Центар, МВР и Државниот пазарен инспекторат било утврдена дека во локалот после 22 часот се направила голема гужва односно не се почитувале препопраките, поради што журката е прекината и кафулето затворено.