Франција ѝ продаде на Грција три нови фрегати

0
47

По пропаднатиот договор за продажба на подморници на Австралија, Франција сега се врти на европска почва со продажбата на три нови фрегати на Грција, која досега купи 24 борбени авиони „рафал“

Грција денеска потпиша договор со Франција за купување три нови фрегати, во време кога Париз се обидува да ја надомести загубата од договорот за продажба на подморници на Австралија.

Договорот за стратегиска одбранбена и безбедносна соработка потпишан од лидерите на двете земји е дел од напорите за зајакнување на европската воена автономија.

„Договорот придонесува за европската безбедност, за зајакнување на европската стратегиската автономија и суверенитет и со тоа за меѓународниот мир и безбедност“,

рече францускиот претседател Емануел Макрон на прес -конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Грчкиот премиер Мицотакис за новинарите рече дека овој договор ќе ги поврзува двете земји со децении.

Грција ќе плати околу три милијарди евра за трите нови фрегати „Белхара“, изјави извор од грчката влада, а Атина може да купи уште една фрегата по договор.

Грција оваа година веќе нарача 24 борбени авиони „рафал“, со што стана првата европска земја што ги купи овие авиони.

Француските медиуми објавија дека договорот со Грција може да вреди до пет милијарди евра, што ќе ја ублажи загубата од пропаднатиот договорот со Австралија.