Артан Етеми економскиот директор на Клиничата болница во Тетово поднесе оставка

0
22

Економскиот директор на Клиничката болница Тетово, поднесе оставка како што рече од морален чин по катастрофата која се случи пред два дена, кога изгоре модуларната болница а 14 лица ги загубија животите.

Во продолжение е неговата целосна објава околу оставката.

-Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин.

Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца.

Ја споделувам болката со роднините на жртвите.

Artan Etemi

10.09.2021

Тетово