86 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Тетово

0
22

Денеска (04.09.) полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 86 возачи. Од нив, 22 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а двајца со дури над 70 километри на час над дозволеното. 54 санкции се изречени на територија на Тетово, а 32 на територија на Гостивар.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.