Агент на ШИК тврди: ВО МАКЕДОНИЈА УБИВААТ АЛБАНЦИ

0
23

Шокантно тврдење на поранешен висок претставник на ОВК, кое го пренесуваат многу албански и косовски медиуми, но и медиуми во земјава на албански јазик.

Како што пишува Бота сот, а пренесува Лајм, поранешниот висок претпоставен на ОВК и поранешен агент на ШИК, Национална разузнавачка служба на Косово, Наим Мифтари, алармирал со објава на Фејсбук.

Тој вели дека државата Македонија убива Албанци. Или, според него, македонските лекари убивале Албанци кои се хоспитализирани, а тоа се случувало преку кислород. Односно, тој пишува дека убиството на Албанците се случува преку кислород.

Целиот пост е следниов, пишуваат медиумите.

„Српско-македонскиот кислород убива Албанци! Македонија убива Албанци, не со оружје и полиција и војска како порано, туку убива со кислород со лекари, над 70 отсто од Албанците кои се хоспитализирани од коронавирус во Македонија умираат, Бугаро-Македонците не одат дури 20 отсто од смртните случаи“, напишал Мифтари на фејсбук.