Со ауди сакал илегално да ја премине границата – Полицијата го уапси затоа што по него имало и наредба за апсење

0
30

На 11.10.2021 во 21.00 часот во близина на граничната линија со Косово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Белановце го лишиле од слобода А.С.(33) од с.Гошинце, општина Липково, кој управувал патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, затоа што се обидел илегално да ја премине државната граница.

По извршената проверка било констатирано дека А.С. се бара по наредба од Основен Суд Скопје1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело „нелојална конкуренција во работи на надворешно-трговскиот промет“, казниво по член 284 од Кривичниот законик. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.