Активисти на политичката партија Левица го „окупираа“ меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ во Прилеп каде се одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание.
11 партиски активисти застанаа пред споменикот и го попречија патот за државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Делегациите предводени од премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски како и од Собранието, Армијата, Сојузот на борци и други беа принедени да ги заобиколуваат за да пристигнат до местото за положување свежо цвеќе.
Церемонијата заврши предмалку, а таму меѓу другите се обрати и претседателот на државата Стево Пендаровски